21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Од 36-те текстови во кои е покажан позитивен став на новинарот на Коха, 35 се

однесуваат на сопствената (албанската) заедница. Од текстовите каде новинарскиот

став бил негативен, 16 се однесуваат повторно на сопствената заедница, а два и на

сопствената и на мнозинската заедница.

Вредност на објавената содржина Број на прилози %

Негативна 42 27.81

Неутрална 50 33.11

Позитивна 59 39.07

Вкупно 151 100.00

Согледувањата за ставот на новинарите на Коха во известувањето за сопствената

или другите етнички заедници стануваат појасни со анализата на вредноста на

објавената содржина, која е поврзана со светлината што определен настан за кој

известува медиумот ја фрла врз заедницата за која се известува во текстот. И со оваа

анализа беа опфатени само текстовите на Коха кои се однесуваат на некоја од

етничките заедници. Така, од вкупно 151 текст, 50 имаат неутрален, 42 негативен, а 50

позитивен контекст. Последните две бројки посочуваат на постоење тенденција на

пристрасно врамување на настанот или заедницата за која се известува, во негативен

или во позитивен контекст.

Од 59 текстови во кои контекстот на известување е позитивен, 53 се однесуваат

на албанската заедница, 4 и на мнозинската и на сопствената заедница, еден на

мнозинската и еден на друга заедница. Од 42 текстови во кои вредноста на содржината

е негативна, 29 се однесуваат на сопствената заедница, а 13 и на сопствената и на

мнозинската заедница. Најголем дел од овие текстови се за прашања од историско

значење за Албанците во Македонија и регионот (100-годишнина од албанската држава

и знаме), спроведувањето на Рамковниот договор од 2001 година (употребата на

албанскиот како втор службен јзик, правична застапеност на Албанците во органите на

државната и јавната администрација), актуелните меѓуетнички тензии во различни

сфери на општественото живеење, активности на политички партии на Албанците и

изјави на политичари Албанци, настани од значење за Албанците во областите култура,

образование и религија (одбележување на Рамазан; изградба на муслимански верски

објекти), криминал и корупција (случајот „Монструм“ поврзан со петкратното убиство

кај Смилковци) и други теми и прашања од интерес за албанската заедница.

III. НАЈВАЖНИ СПОРЕДБЕНИ СОГЛЕДУВАЊА

Демократскиот медиумски систем во Македонија започна да се развива во 1991

година, со усвојувањето на новата уставна рамка која ги постави темелите на

балансирањето меѓу слободата на изразувањето и другите човекови права и слободи.

Во досегашниот развој на медиумскиот систем беа идентификувани следните најважни

специфики: неразвиена економија и малку средства за огласување во медиумите;

стихиен развој на медиумите во првите години и континуирано раситнување на

медиумскиот пазар; сегментирање на медиумскиот пазар засновано врз јазична линија;

отсуство на осмислена и конзистентна регулаторна политика особено во последната

деценија; силно влијание на државата, бизнисот и политиката врз медиумскиот сектор

и поврзаност на најголемите медиуми со моќни локални бизниси односно со

политиката;ниско ниво на професионалност во медиумите и слаб квалитет на

305

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!