21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

прилог кој се однесува на завршувањето на проектот поддржан од Заедничката

програма на ОН за јакнење на меѓуетничкиот дијалог и соработка, чија цел е

зајакнување на професионалните стандарди во новинарството.

Сознанијата за ставот на новинарите на МТВ албански јазик во известувањето за

сопствената или другите етнички заедници се надополнуваат со анализата на

вредноста на објавената содржина. 189 И со оваа анализа беа опфатени само прилозите

во кои се третираат прашања поврзани со етничките заедници 190 . Така, од вкупно 46

прилози кои се однесуваат на некоја од заедниците во Македонија, 39 имаат позитивен,

а 7 неутрален контекст.

Вредност на објавената Број на прилози во кои се третираат

содржина

прашања релевантни за заедниците

Негативна 0

Неутрална 7

Позитивна 39

Вкупно 46

Од 39 прилози во кои контекстот е позитивен, 38 се однесуваат на сопствената

етничка заедница, а само еден и на мнозинската и на сопствената заедница. Прегледот

на содржината на овие прилози го потврдува согледувањето за тоа дека редакцијата на

албански јазик примарен фокус во известувањето става на интересите на сопствената

заедница, дека се потпира на извори главно од сопствената заедница и дека ретко ги

третира прашањата кои создаваат мостови меѓу заедниците. Во овие прилози се

опфатени теми значајни за Албанците во Македонија, но и за Албанците пошироко во

регионот (100-годишнина од албанското знаме и држава, дебата на Здружението на

Албанците жртви на комунизмот), како и прашањата на спроведувањето на Охридскиот

рамковен договор.

Еден од интервјуираните медиумски експерти тврди дека „[програмата на

албански] e нормално да има специфики кои ги имаат гледачите од албанско говорно

подрачје […], но изолирањето и затворањето кон другите етнички и колективни

идентитети е проблем. Немаме никаков контакт никаква програмска врска за тие

настани. Така, од фактор кој треба да овозможува кохерентност на општеството, МРТВ

станува медиум којшто дели и создава раздор“ 191 .

Програма на турски јазик

Програмата на турски јазик во рамките на Вториот програмски сервис на МТВ

се емитува секојдневно во периодот од 15:30 до 18:00 часот или вкупно околу 2,5 часа

програма дневно. Во овој термин се емитуваат две изданија вести, првите траат од 5-10

минути и се емитуваат во 15:30 часот, а вторите се централни вести и се емитуваат во

189 Вредноста на содржината се однесува на контекстот или „врамувањето“ кој е поврзан со светлината што тој

контекст ја фрла врз субјектот или темата. На пример, постојаното известување за припадниците на една заедница во

проблематичен контекст (насилство, корупција и сл.) укажува на намера таа да се претстави во негативен контекст и

обратно.

190 Тоа значи дека овие прилози беа издвоени и анализирани дополнително со помош на квалитативна анализа, при

што внимателно беа разгледувани шематската структура на текстот, употребата на наслови или поднаслови,

начините на кои новинарот суптилно го „врамува“ настанот и др.

191 Интервју со д-р Сефер Тахири, професор на Универзитетот од Југоисточна Европа, Тетово, реализирано на 15

јули 2012 година.

274

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!