21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

(19) Широко е распространета и појавата на еднострано и пристрасно

информирање (и кај јавниот сервис и кај комерцијалните медиуми), јасно

видлива преку начинот на користење на изворите на информации – речиси

секаде е присутно потпирањето на еден извор односно на извори кои

застапуваат една страна. Ова прашање особено треба да се отвори во

рамките на Здружението на новинарите и неговите органи бидејќи станува

збор за прекршување на еден од базичните професионални стандарди

утврдени со Кодексот на новинарите.

(20) Голем дел од одговорноста за неповолното медиумско опкружување

(раситнувањето на пазарот, толерирањето на влијанијата на сопствениците,

политичарите и економските центри, негрижата за негувањето на

културната разноликост и др.) се лоцира и кај регулаторното тело во

радиодифузијата. Главните причини за тоа се неговата зависност од власта,

политиката и медиумската индустрија, но и фактот што тоа според

составот не се профилираше како експертско тело, како што е пропишано

со законот.

(21) Сумарно, овие податоци и направената анализа јасно ја отсликуваат

сериозноста на кризата во која се наоѓа новинарството во Македонија, но

ги скицира и причините за настанатата состојба. Освен во политичките и

економските притисоци, мешањето на центрите на моќ во креирањето на

дневната агенда на редакциите, економските проблеми на

медиумите...причините треба да се побараат и во недоволната свесност и

познавање на новинарската професија, непочитувањето на етичките

стандарди, слабата уредничка мрежа низ медиумите, недостатокот од

континуирана обука и надградување на знаењата на новинарите, немањето

желба за промени, комфорноста на статус-кво ситуацијата и статичноста во

која се функционира со години.

(22) Проблемите во македонското новинарство се резултат на повеќе

комплексни фактори и не може да се надминати брзо ни лесно. Реформите

во медиумскиот систем со кои првенствено би се зацврстила социоекономската

позиција на новинарската професија, се предуслов за таа да

стане сфера која е автономна од политиката и центрите на моќ.

V. ПРЕПОРАКИ

Врз основа на анализата и спроведените интервјуа може да се извлечат и

неколку конкретни препораки за подобрување на пристапот на етничките заедници во

медиумската сфера:

Програмскиот совет на МРТ и раководните органи на МРТ (Управниот одбор и

извршните директори) треба да го разгледаат прашањето на внатрешната

организациска поставеност на сервисите и да обезбедат услови за програмскопродукциска

координираност на сервисите и програмите со цел да се обезбеди

почитување на истите професионални принципи на инклузивно известување во

сите редакции и на помалите редакции да им се овозможи рамноправен пристап

до потребните кадровски, финансиски и технички ресурси.

На Јавниот радиодифузен сервис му се потребни заеднички корпоративни

документи кои ќе ги поврзат новинарите од различните редакции на ниво на

322

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!