21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Во натамошниот текст анализата се фокусира само на прилозите за настаните од

Македонија, со цел да одговори на основното истражувачко прашање – во кој обем и на

кој начин Алсат М известува за сопствената и за другите етнички заедници.

Темата се однесува на Број на објавени прилози

за домашни настани %

И на сопствената и на мнозинската заедница 10 6.58

Мнозинската заедница 6 3.95

Сопствената заедница 30 19.74

Тема од општ интерес 106 69.74

Вкупно 152 100

Така, анализата на варијаблата „На што се однесува темата“ покажува детално

колкав број од прилозите експлицитно третирале прашања поврзани со некоја од

етничките заедници во Република Македонија. Оваа статистика сугерира позитивен

тренд на производство на информативни прилози кои се однесуваат на теми што ги

засегаат сите граѓани без оглед на етничката припадност (теми од општ интерес –

69.74%). Темите од општ интерес, двојазичноста на вестите и на дел од другата

програма на Алсат М, секако придонесуваат за создавање мостови меѓу заедниците

(иако вестите кои на телевизијата се емитуваат на македонски јазик одат во доцните

вечерни часови) 214 . Понатаму, 19,74% од програмата се прилози поврзани со теми што

ја засегнуваат само сопствената етничка заедница, а десет објави (6.58%) се прилози со

теми поврзани и со мнозинската и со сопствената заедница.

Жанр на прилогот Број на прилози %

Анализа 7 4.61

Вест/проширена вест 32 21.05

Извештај 99 65.13

Изјава 8 5.26

Интервју 1 0.66

Коментар 1 0.66

Репортажа 3 1.97

Соопштение 1 0.66

Вкупно 152 100

Жанровската анализа на објавите на АЛСАТ М покажува дека кај овој

комерцијален медиум во селектираниот период ретко имало производство на

аналитички жанрови. Од вкупно 152 прилога, седум се анализи, три се репортажи, едно

интервју и еден коментар. Најголемиот процент од објавите се извештаи (65.13%) и

вести (21.05%). Овие показатели сугерираат дека Алсат М не е исклучок од

доминантната пракса во новинарството во Македонија – известувањето повеќе да е

реакција на настаните, наместо да истражува, анализира и иницира теми на јавната

агенда. Се разбира, и во развиените медиуми од други општествени контексти

извештајот и веста како жанр би се очекувало да доминираат во програмата. Сепак,

соодносот меѓу неаналитичките и аналитичките жанрови ја потврдува забелешката

дека и оваа телевизија во најголем дел практикува реактивно новинарство. Покрај тоа,

жанрот извештај во новинарскиот контекст во Македонија многу ретко внесува

214 За мултиетничките дескови и за двојазичните програми уредникот на Алсат М Мухамед Зекири вели:„Алсат М

нуди програма на двата јазика. Навистина е глупаво да живееме во иста држава и општество, да имаме различни

проблеми, а да не бидеме инфорирани едни за други. [МРТВ на албански нема преводи] - волја е во прашање и нема

апсолутно никакво оправдување зошто тоа не може да се изведе. Интервју реализирано на 17 јули 2012 година.

293

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!