21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Дополнително светло за согледувањето дека известувањето на турската

редакција е еднострано, фрла и анализата на позицијата на користените извори. Од

вкупниот број, во 85 објави (91,4%) консултираните извори бранат ист став, а во само 8

прилози е претставена и другата страна.

Вредност на

Број на прилози во кои се третираат

новинарскиот став

прашања релевантни за заедниците

Негативна 0

Неутрална 20

Позитивна 1

Вкупно 21

Во поглед на вредноста на новинарскиот став анализата се фокусираше само на

објавите кои се однесуваат на некоја од етничките групи - во случајот со турската

редакција беа регистрирани 21 таква објава. Од вкупниот број, во 20 прилози е

регистриран неутрален новинарски став, а само во еден позитивен 198 . Од неутрално

оценетите прилози, 15 се однесуваат на сопствената заедница, 3 на мнозинската

заедница, 2 и на сопствената и на мнозинската и еден на друга етничка заедница.

И овде треба да се напомене дека при оценката на ставот не се земаше предвид

користењето на изворите, односно тој новинарски стандард се мереше како посебна

променлива. Тоа значи дека самиот новинар во обработката на новинарскиот прилог не

користел јазик или други елементи со кои би демонстрирал апологетски или претерано

критички став кон субјектот или темата за која известува. Но, дури 91.40% од вкупните

објави, користат извори кои застапуваат само една страна во приказната, што сепак

сугерира еднострано известување – и покрај неутралниот став на новинарот.

Вредноста на содржината беше анализирана само кај прилозите што се

однесуваат на некоја од етничките заедници и ги надополнуваат претходно добиените

сознанија за известувањето на оваа редакција. Од вкупно 21 прилог, еден се однесува

на настани кои имаат неутрален контекст, а 6 на настани кои фрлаат позитивно светло

на заедницата на која се однесува прилогот. Три од овие прилози се однесуваат на

сопствената заедница, еден и на сопствената и на мнозинската и еден на друга етничка

заедница.

Вредност на објавената Број на прилози во кои се третираат

содржина

прашања релевантни за заедниците

Негативна 0

Неутрална 15

Позитивна 6

Вкупно 21

Прилозите што во позитивен контекст ја претставуваат заедницата на која се

однесуваат, се поврзани со следните настани: Женската кошаркарска екипа на ОУ

„Тефејуз“ освоила 4-то место во рамки на Македонија; Изложба на фотографии на

турскиот уметник Мурат Солакоглу отворена во Скопскиот Аеродром; Претседателот

на Големото национално собрание на Турција Џемил Чичек во посета на Македонија;

почесна вечер за македонскиот поет Матеја Матевски организирана од Турскиот

културен центар; интервју на Муса Џафери за „Трибуна Шќиптаре“ каде што вели дека

Брисел и Вашингтон гарантираат нема да дозволат менување на меѓународно

198 И во овој прилог ставот на новинарот е неутрален, но аналитичарот го оценил како позитивен поради должината

на овој прилог во вкупното времетраење на вестите на турски јазик. Прилогот е за успехот на женската кошаркарска

екипа од основно училиште на турски јазик „Тефејуз“ во Скопје.

279

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!