21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

поголемите. Некои од интервјуираните тврдат дека „МТВ ја пресликува етничката

биполарност“ на поширокото општество во која главниот ресурсен колач се дели меѓу

македонската редакција од Првиот програмски сервис и албанската редакција од

Вториот сервис. Консеквентно, ова ги ставакултурните права на припадниците на

најмалите етнички заедници на второстепено ниво. Ова значи дека помалите етнички

заедници немаат рамноправен пристап во распределбата на ресурсите поради таквата

„етничка хиерархизација“. Перцепцијата на новинари од помалите етнички заедници

откриваат дека „во МТВ за првиот канал се одговорни Македонците, во вториот, во

најголем дел Албанците и долу во структурата има помали уредници кои што немаат

никаков пристап до ресурсите и се ставени во подредена позиција зад албанското

раководство на Вториот програмски сервис“ 220 .

Ова значи дека турската, српската, влашката, ромската и бошњачката редакција во

секојдневното работење имаат проблеми во пристапот до техничките ресурси (превоз

за да ги покриваат настаните, пристап до технички кадар за да го монтираат

материјалот, пристап до камера и др.). Дел од сведочењата откриваат ваква реалност:

„Се враќам од настан на кој организаторот ми вели излези од автомобил оти јас сум

задолжен да ги вратам луѓето од Првиот програмски сервис во редакција односно

македонската редакција. Слично се случува со албанската програма – ако дојдеш во

ситуација да бараш автомобил – ќе ти речат, оваа кола е зафатена за албанската

програма и вие немате кола. Најглавната работа во последно време стана превозот.

Како да одам на настани ако немам превоз?“ 221 . Друг вработен во МТВ

вели:„Албанската редакција е најопремена со техника и со компјутери - нашиот

компјутер е турни ме да кинисам. Стопати ќе се блокира, сто пати ќе го рестартираш. И

кога реагираш, тие ти велат така одат работите и ни препорачуваат да пуштиме музика.

Понекогаш ни е срам кога треба да објаснуваме пред луѓе каде што закажуваш

снимање, знаете ние не можеме да снимаме оти немаме камера или не можеме да

дојдеме оти немаме превоз. Тие можат да патуваат за Косово, Тетово и Гостивар. Нема

ден некое нивно возило да не заминува таму. Јас до центар во Скопје не можам да

отидам и да реализирам снимање, а да не зборувам дека можеби треба да одам

подалеку“ 222 .

Исклучително голем проблем на редакциите на најмалите етнички заедници во

МТВ се човечките ресурси. Една од најпогодените редакции во рамките на вториот

програмски сервис е ромската. Со рационализацијата на човечките ресурси оваа

редакција од 10 вработени, останала само на еден новинар. Српската, бошњачката и

влашката редакција имаат по тројца вработени новинари, иако во минатото биле некаде

помеѓу 10 и 15 новинари. Според сведочењето на новинарите малубројниот кадар ги

ограничува и во организациска и во програмска смисла на зборот, така што овие мали

редакции не можат да ја оправдаат основната причина за своето постоење. Вработен во

една редакција вели:„Во минатото имавме само една емисија од 30 минути, а имавме од

12 до 14 новинари. Во меѓувреме, во сите редакции се намали бројот на вработени и

тоа ни е голем хендикеп- сега правиме три емисии и нам ни доаѓа по една емисија

неделно да правиме. Мислам дека порано емисиите беа со поразновидни содржини. 14

новинари секако ќе донесат повеќе теми... Проблем е и познавањето на јазикот, и да

сакаме сега ние да ангажираме нови кадри – многу мал број луѓе убаво го знаат нашиот

јазик. Тие што го знаат тешко дека баш сакаат да бидат новинари.“ 223

220 Интервју со новинар во една од редакциите на заедниците на МТВ 2.

221 Интервју со новинар во една од редакциите на заедниците на МТВ 2.

222 Интервју со новинар во една од редакциите на заедниците на МТВ 2.

223 Интервју со новинар во една од редакциите на заедниците на МТВ 2.

311

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!