21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

го разбираат главно припадниците на нивната етничка заедница, а не и Македонците.

Според тоа, комерцијалните медиуми кои објавуваат содржини на овие јазици имаат

далеку помали публики, за разлика од медиумите на македонски јазик кои можат да

опфатат поширока публика бидејќи македонскиот јазик го разбираат и говорат сите

припадници на етничките заедници. Ова им создава проблеми особено на медиумите на

помалите етнички заедници, бидејќи не се многу интересни за огласувачите и не можат

да привлечат доволно средства од огласување. Со овие проблеми во изминатите години

се соочуваа и радиодифузните и печатените медиуми на јазиците на етничките

заедници.

Искуството од примената на Законот за радиодифузната дејност од 1997 година

покажа дека приватните радиодифузери на помалите заедници тешко можат да

опстанат на пазарот, бидејќи огласувачите не беа заинтересирани за нивната публика.

Затоа, со новиот Закон (од 2005 година) беше воведен трет непрофитен сектор 170 , а

беше предвидена и можност дел од јавните радио станици на локално ниво кои

емитуваа програми на етничките заедници да се трансформираат во непрофитни

радиодифузери. Но, трансформацијата не се спроведе во очекуваната насока, односно

на барање на самите јавни локални радија Советот донесе одлука тие да се

приватизираат, при што процесот на приватизација успешно го завршија само четири

радија, меѓу кои нема ниту едно кое емитува програми на јазиците на немнозинските

заедници. Од друга страна, непрофитното радио како нов медиумски сегмент кој може

да служи за задоволување на потребите на немнозинските заедници речиси воопшто не

се разви во периодот по донесувањето на новиот Закон. На ова треба да се додаде и

фактот што некои комерцијални радио и ТВ станици кои емитуваа програми на

јазиците на помалите етнички заедници во минатиот период ја изгубија дозволата

поради фактот што не можеа да обезбедат доволно средства од огласување односно не

можеа да го плаќаат надоместокот за дозвола 171 .

Во ноември 2012 година, во комерцијалниот радиодифузен сектор програма

емитуваа вкупно 67 телевизии и 82 радиостаници. Меѓу нив има 19 телевизии и 16

радија кои емитуваат програми на некој од јазиците на етничките заедници. До 2010

година беше доделена дозвола само на едно непрофитно радио на немнозинска

заедница – Радио Дост ФМ од Штип, кое емитуваше програма на турски јазик. Во

септември 2010 година, ова радио ја врати дозволата, со образложение дека не може да

опстане заради недостиг од финансиски средства.

На јавниот радиодифузен сервис, програми на јазиците на етничките заедници

се емитуваат и на Македонската телевизија и на Македонското радио. На

Македонската телевизија, од 2002 година, овие програми се емитуваат на Вториот

сервис. Притоа, најмногу програма се емитува на албански јазик (98 часа неделно),

потоа на турски јазик (16 часа и 30 минути неделно), додека редакциите на ромски,

српски, влашки и босански јазик имаат по околу два часа програма во неделата. На

Македонското радио, пак, неделно се емитуваат 119 часа програма на албански јазик,

35 часа програма на турски јазик и по 3 часа и 30 минути на: влашки, ромски, босански

и српски јазик.

170 Се претпоставуваше дека непрофитните радиодифузери се добра можност за збогатување на јазичната и

културната разноликост, бидејќи за нив се плаќа помал надоместок за дозвола и за фреквенција, а нивен главен

изворот на финансирање се донации и грантови.

171 Состојбата на пазарот е постојано променлива, некои ја вратиле или ја изгубиле дозвола (Радио Атланта од

Скопје, Радио Румели и Радио Рома од Гостивар, Радио Мис од Жировница, ТВ Тоска од Скопје, ТВ АЛБ-сателит,

ТВ Ера-сателит), а некои изгубиле па повторно добиле (Радио Албана од Куманово, Радио Тернипе од Прилеп, ТВ

Чеграни од Гостивар). Во 2006 година, двојазичниот македонко-албански проект на скопското Лајф радио престана

да функционира, радиото продолжи да емитува само на македонски јазик.

264

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!