21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

верските и други фактори. Речиси да не постои држава во која не постои јазична и

културна разноликост. Но, прашањето е во која мера таа разноликост се изразува во

законите и во практичното остварување на правата на припадниците на јазичните и

културните заедници во различните сегменти на општествената реалност.

Република Македонија е општество во кое со векови наназад живееле различни

народи и култури. Според податоците од последниот попис на населението спроведен

во 2002 година, во Република Македонија имало вкупно 2.022.547 жители 161 . Од нив,

како Македонци се изјасниле 1.297 981 жители, како Албанци 509.083, како Турци

77.959, како Роми 53.879, како Власи 9.695, како Срби 35.939, како Бошњаци 17.018, а

како припадници на други етнички заедници 20.993 жители. Од аспект на географската

дистрибуција, Албанците се повеќе населени во следните градови: Скопје, Тетово,

Куманово, Гостивар, Кичево, Струга и Дебар. Турци живеат во голем број населени

места низ целата земја, но најмногу во Скопје, Гостивар, Радовиш, Струга, Дебар и

Кичево. Ромите се исто така населени низ цела Македонија, но најмногу во Скопје, а

потоа во Прилеп, Куманово, Тетово и Штип. Власи има најмногу во Скопје, Штип,

Битола и Крушево. Најголем број Срби живеат во Скопје и Куманово. Бошњаците се

населени најмногу во Скопје и околината, потоа во Велес и во околината на Прилеп.

Во Македонија програми на јазиците на немнозинските заедници почнале да се

емитуваат по Втората светска војна. Во 1945 година Македонското радио почна да

зрачи програма на албански и на турски јазик, а подоцна и на ромски и влашки. Во 2003

година се воведени и програми на српски и бошњачки јазик. Македонската телевизија

уште во 1967 година почна да емитува програма на албански јазик, а денес, покрај неа,

функционираат и програмите на: турски, ромски, влашки, српски и бошњачки јазик.

Програмите на ромски јазик на МРТ се меѓу првите во Европа. Пред 1991 година

постоеја и 29 локални јавни радио станици, од кои 7 емитуваа програми и на јазиците

на етничките заедници.

Приватниот сектор, и во радиодифузијата и во печатените медиуми, започна да

се развива по 1991 година. До 1997 година не постоеше законска регулатива, така што

приватни медиуми никнуваа спонтано, без критериуми за работење. Во 1997 година,

кога беше усвоен првиот Закон за радиодифузната дејност, на пазарот веќе постоеја над

250 радио и ТВ станици. Советот за радиодифузија со законот беше овластен да додели

концесии по пат на конкурс и притоа да обезбеди и јазичен и културен плурализам. По

првите конкурси, на крајот од 2000 година, од вкупно 124 приватни радиодифузери на

локално ниво, 27 емитуваа програми на јазиците на етничките заедници (13 ТВ и 14

радио станици) 162 . Притоа, најголем дел од медиумите емитуваа на албански јазик.

Македонија има долга традиција на негување на јазиците на етничките заедници и

во печатените изданија. Државната издавачка куќа НИП Нова Македонија првото

издание на весникот Флака е влазеримит (Оган на братството) на албански јазик го

објави во април 1945 година, а подоцна стартуваше и весникот на турски јазик, Бирлик

(Единство). Беа публикувани и списанија за деца, списанија од литературата и

уметноста, книги и белетристика на албански и на турски јазик. Во периодот до

распаѓањето на СФРЈ, во Македонија не се издаваа весници на ромската и влашката

етничка заедница, а српската заедница се информираше од весниците и изданијата од

другите југословенски републики.

По 1991 година се појавија првите приватни весници на етничките заедници кои

често имаа проблеми со редовното печатење поради недостиг од финансиски средства:

весникот Феникс (во издание на Лигата на Власите во Македонија) започна да излегува

161 Повеќе детали види во публикацијата (стр.34). Достапно на: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaXIII.pdf

162 Извештај за работењето на Советот за радиодифузија за периодот од 1 јули 1998 до 30 јуни 1999 година. Достапно

на: http://www.srd.org.mk/images/stories/publikacii/bilten4_mk.pdf.

259

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!