21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Алсат М не и припаѓаат на политиката, што е значително повеќе отколку во програмите

на другите медиуми и укажува на една граѓанска линија во известувањето на медиумот.

Интересни за одбележување се и согледувањата добиени од квалитативната

анализа на вредноста на објавената содржина во прилозите во кои се третираат

прашања поврзани со некоја од етничките заедници. Тука се забележуваат речиси

идентичен број прилози со позитивен и со неутрален контекст, а само во 6 од вкупно 46

прилози има забележано негативно врамување. Ова сугерира дека редакцијата е

веројатно свесна за влијанието што медиумот може да го има врз публиката во насока

на креирање или зајакнување на предрасуди и стереотипи кон Другата/те заедници,

како и за тенденција во уредувачката политика кон балансиран и неутрален агол на

гледање на осетливите меѓуетнички прашања во државата.

Сепак, одредени резултати покажуваат дека и кај Алсат М како и кај другите

анализирани медиуми се присутни знаци кои укажуваат на корозивноста на

новинарската професија во Македонија во целост. На пример, во вестите на Алсат М

има дури 72% прилози во кои изворите не се прецизно посочени (деперсонализирани).

Новинарскиот труд не може секогаш да се базира на целосно именувани извори, но во

известувањето не би требало да преовладуваат нејасната атрибуција во смисла „од

Владата (партијата, министерството) велат дека...“, или „...претставник на партијата

(хх) изјави“, или „... висок функционер соопшти дека...“. Ваквото информирање не ја

зголемува довербата кон медиумот и кај публиката секогаш остава сомнеж за

вистинитоста на објавената содржина.

Друго негативно согледување за состојбата во која се наоѓа новинарската

професија произлегува од жанровската анализа на прилозите на Алсат М. Од вкупно

152 прилози за домашни настани, само седум спаѓаат во жанрот анализи, три се

репортажи, едно е интервју и еден е коментар. Најголемиот процент оди на извештаи

(65%) и на вести (21%). Тоа значи дека Алсат М не е исклучок од доминантната пракса

во новинарството во Македонија – известувањето повеќе да е реакција на настаните на

денот, а не самостојно избрана тема за која редакцијата смета дека е од интерес за

граѓаните.

Она што приватната БТР телевизија од Скопје може во позитивна смисла да ја

издвои од другите анализирани медиуми е податокот дека 82,83% од објавите се

авторски и се потпишани од новинарите. Ова значи дека телевизијата го почитува

новинарскиот стандард за означување на авторството на прилозите. Исто така, кај БТР

се забележува поинаков распоред на темите во информативните прилози: настаните од

светот и од регионот зафаќаат приближно една третина од вестите (34,87%), наспроти

домашните теми (65,13%). Натаму, карактеристично е што во набљудуваниот период

најмногу информации од домашните теми се емитувани за „криминалот и корупцијата

(20,39%).

Другите согледувања од анализата на вестите на БТР се речиси идентични со

оние за другите анализирани медиуми. И кај оваа куќа присутно е еднострано

користење на изворите, што во крајна линија целото известување го квалификува како

пристрасно. Дури во 94% од прилозите има кршење на новинарскиот стандард на

консултирање на два независни извора. Дополнително, во 97% од прилозите изворите

имаат единствен став. Ова сугерира дека во анализираниот период редакцијата на БТР

не дала место за поинакво мислење во вестите, пласирајќи им на граѓаните само една

страна која во најголем број прилози (79,8%) е од светот на политиката без оглед дали

изворот е институција или нејзин претставник. Заклучокот се наметнува сам по себе -

на изворите од политиката и власта им е даден „директен“ пристап во наметнувањето

на дневна агенда во редакцијата. Наспроти ова, прашањата важни за животот и

положбата на граѓаните Роми во скопскиот регион се третираат само во седум прилози,

315

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!