21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

регулаторно тело чија главна обврска е да обезбеди постоење разновидни и независни

медиуми и да ги штити интересите на граѓаните е под влијание на власта, политиката и

моќниците во медиумскиот бизнис.

Ваквото опкружување несомнено има големо влијание врз начинот на кој

медиумите на заедниците известуваат за сопствената и за другите заедници во земјата.

Сознанијата добиени од квантитативната и од квалитативната анализа на содржините и

од длабинските интервјуа со новинари и експерти укажуваат на определен број

генерални карактеристики и тенденции во новинарското известување и во медиумската

политика:

(12) Програмите на јазиците на немнозинските заедници во јавниот сервис

функционираат како засебни паралелни редакции кои фокусот го ставаат

примарно на сопствената етничка заедница и кои настаните ги „врамуваат“

и „набљудуваат“ доминантно од аголот на сопствената заедница. Особено

загрижува тенденцијата на еднострано користење на изворите по етничка

линија. Тоа во известувањето на вестите на јавниот сервисрепродуцира

честопати спротивставени верзии на настаните кои се гледаат исклучиво

низ етничка призма. На тој начин, јавниот сервис наместо да дејствува како

фактор на кохезија, станува фактор на дезинтеграција во општеството.

(13) Некои од редакциите во Јавниот сервис спроведуваат така наречена

„дијаспорска уредувачка политика“. Ова значи дека голем дел од

продукцијата на овие редакции е фокусирана на проблемите на „матичните

држави“, а не на проблемите со кои се соочуваат припадниците на таа

етничка заедница како граѓани на Република Македонија. Дислоцирањето

на главниот новинарски интерес врз „сонародниците“ од „матичната“

држава, ја изместува функцијата која ја има Јавниот сервис во Македонија

да ги задоволува потребите и интересите на сите сегменти на публиката

водејќи притоа сметка за специфичните општествени и културни групи во

земјата. Иако е разбирливо дел од информативната продукција на

редакциите на јазиците на етничките заедници на МТВ да се фокусира на

настаните од регионот, сепак таа треба да биде произведена од самите

редакции (а не преземена од медиуми од соседните држави) и обработена

на начин релевантен за припадниците на етничката заедница во

Македонија.

(14) Јавниот сервис, како резултат на долгогодишната финансиска и

продукциско-технолошка криза во голема мера ја има запоставено својата

обврска да го негува културниот плурализам во своите програми.

Негрижата е особено видлива во однос на програмите на помалите етнички

заедници, каде бројот на вработени е драстично намален во последниве

години, а времето и ресурсите шти им се ставени на располагање не им

дозволуваат да ја остваруваат успешно својата информативна и културна

функција. МРТ всушнст ја пресликува политичката и етничката

поларизираност на општество, што е особено видливо во различниот

пристап до времето и ресурсите на различните етнички заедници односно

во постоењето на т.н. „етничка хиерархизација“ во распределбата на

ресурсите на сметка на помалите етнички заедници.

(15) Сериозен проблем кој се потврдува со анализата е непостоењето на

единствени и јасно дефинирани програмски принципи во јавниот сервис

кои би воделе кон интеракција на заедниците, инклузивно општество и кон

социјална кохезија. Она што особено загрижува е отсуството на

320

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!