21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

заедниците. Од вкупниот број, во 20 прилози контекстот во кој се известува за

конкретната етничка група е позитивен, во 20 неутрален, во 6 негативен.

Од 20-те прилози со позитивна вредност на содржината, 18 се однесуваат на

албанската етничка заедница. Ова, иако на мал примерок, може да сугерира дека

сопствената етничка заедница во селектираниот период се претставувала во позитивно

светло. Анализата затоа направи преглед на содржината овие „позитивни прилози“.

Самите описи се индикативни за начинот на кој се обработени темите: одбележување

на 100-годишнината од албанското знаме и држава, жители на Горна Река со изјави

дека Албанците со христијанска вероисповест жртви на комунизмот; притворените во

акцијата „Монструм“ во затворот во Битола, употребата на албанскиот јазик во

Јегуновце, тензии околу употребата на албанскиот јазик во Собранието, возачки

дозволи на албански и македонски јазик, права на семејството на погинат војник на

ОНА, објавување на единствен азбучник на албански јазик, Албанец од скопско

Студеничани постигна успех во спортот со екипата на „Макпетрол“, концерт на

сериозна музика во Тетово и сл.

Од шесте прилози кои имаат негативна вредност на содржината, пак, два се

однесуваат на сопствената заедница, три и на сопствената и мнозинската, и еден само

на мнозинската заедница. Двата прилога кои во негативно светло ја претставуваат

албанската заедница се: критика на Исламската верска заедница за „подигнатиот кредит

од Шпаркасе банка и за ставањето на имотот на ИВЗ под хипотека и оставката на

членови на ПИКА поради наводната злоупотреба на нивните имиња. Мнозинската

(македонската) заедница е прикажана во негативна светлина во прилогот во кој двете

главни политички партии од македонскиот блок заемно се обвинуваат. Двете заедници

(македонската и албанската) се претставени во негативен контекст во три прилози кои

се однесуваат на: расправата во Собранието за предлог законот за бранителите;

дебатите околу промената на имињата на училиштата во општина Чаир; и обвинувања

од владејачката партија до министерот за одбрана за примањето на кадети Албанци во

Воената академија.

БТР телевизија

Телевизијата БТР е една од двете регионални телевизиски станици кои

емитуваат програми на ромски јазик на подрачјето на Скопје. Според дозволата за

вршење радиодифузна дејност, оваа телевизија емитува програма и на македонски и на

ромски јазик, но законските обврски во поглед на заштитата на културниот идентитет

се однесуваат на делот од програмата на ромски јазик 215 .

БТР емитува вести секојдневно. Во 8:30 наутро се куси вести, а во вечерните

часови е централниот дневник, во термин што не е прецизно дефиниран, или во 07:00

или 07:30, или во 20:00 часот. Во доцните вечерни часови е репризата на дневникот.

Покрај тоа, емитува и една информативна емисија “Таргет“ во која сопственикот и

уредник на оваа телевизија разговара со гости во студиото, на различни теми. Во

селектираниот период од февруари до септември се снимени и анализирани 12 изданија

на вестите 216 .

215 Правилник за примена на одредбите поврзани со заштитата и негувањето на културниот идентитет усвоен од

Советот за радидифузија во 2006 година. Достапно на:

http://www.srd.org.mk/images/stories/Pravilnik_za_neguvanje_na_kulturniot_identitet.pdf

216 Аналитичарите констатираа во разговор со сопственикот на БТР дека во август телевизијата не емитувала

програма поради селење на студиото. Затоа, во примерокот недостасуваат две емисии вести од август 2012.

296

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!