21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ја спроведува стратегијата за развој на радиодифузната дејност и „...одлучува за

доделување, одземање и обновување на дозволите за вршење радиодифузна

дејност.“ Од овие одредби логично произлегува дека режимот на доделување дозволи

на Советот треба да му служи како еден од начините за постигнување на медиумскиот

плурализам и за задоволување на потребите и интересите на граѓаните.

Ваквата интенција на законодавецот е конзистентно применета и во одредбите

на Законот со кои се утврдуваат принципите на доделување дозволи во комерцијалниот

и во непрофитниот радиодифузен сектор. Советот за радиодифузија е должен, пред

објавувањето конкурс за нови дозволи, да спроведе „...истражување и анализа во поглед

на видот на програмските сервиси за кои треба да се објави конкурсот од аспект на

потребите на публиката и може да изврши консултации со заинтересирани

страни“ (член 45). Покрај тоа, при определувањето на бројот на дозволи Советот треба

да тргне од следниве критериуми: обезбедување разновидност и квалитет на

програмите, задоволување на потребите на публиката, развој на плурализмот,

економскиот потенцијал на пазарот и поттикнување на лојалната конкуренција... (член

46). Јазикот на кој се емитува програмата, како услов за доделување на дозволата, се

определува уште при распишувањето на самиот конкурс и е составен дел на условите и

барањата што треба да се исполнат во поглед на програмата (член 48).

При оценувањето на квалитетот на поднесените пријави, Советот е обврзан да

земе предвид повеќе критериуми кои се директно поврзани со зачувувањето на

културната разноликост и задоволувањето на потребите на публиката: „... жанровската

и тематската разновидност на програмските содржини, процентот на учеството на

програмите изворно произведени на македонски јазик или на јазиците на

немнозинските етнички заедници..., застапеноста на програмите што ќе третираат

настани и случаи од значење за подрачјето на кое ќе се емитува програмата...,

застапеноста на програми со кои се поттикнува развој и зачувување на националната

култура..., други понудени услови што придонесуваат за унапредување на плурализмот

во радиодифузната дејност, поттикнување на лојална конкуренција и поквалитетно

остварување на правото за информирање, односно на потребите на публиката на

соодветното подрачје“ (член 51).

Покрај законските одредби за условите и критериумите во режимот на

доделувањето дозволи, Советот за радиодифузија има усвоено и подзаконски акти што

имаат за цел поттикнување на плурализмот на медиуми и разновидноста на

содржините, меѓу кои за издвојување се: Правилникот за форматите на радио и на

телевизиските програмски сервиси и Правилникот за примена на одредбите поврзани

со заштитата и негувањето на културниот идентитет.

2.4 Состојба на пазарот

Сите медиуми денес работат во пазарно опкружување во кое постои многу силна

конкуренција. Како резултат на тоа, кај сите (особено кај комерцијалните медиуми)

постои силен притисок за стекнување што повеќе публика и што повеќе приходи од

реклами и спонзорство. Дури и јавните радиодифузери, иако се финансираат од

претплата или од радиодифузна такса и се ограничени во обемот за рекламирање, го

чувствуваат силниот притисок од пазарот за стекнување што поголема гледаност.

Влијанијата на пазарот особено се изразуваат врз медиумите на помалите

етнички заедници, бидејќи нивните публики се мали сегменти од „пазарот“ и најчесто

не се многу привлечни за огласувачите. Ова е особено карактеристично за Македонија

каде постои сегментирање на медиумскиот пазар по јазична линија. Имено, Албанците,

Турците, Ромите и Власите кои живеат во Република Македонија говорат на јазик што

263

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!