21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

медиумите 236 . И покрај сопствените заложби (зацртани во Стратегијата за развој на

дејноста од 2007 година) за решавање на долгогодишните проблеми на сопственичката

структура во телевизијата – врзаноста со моќни сопственици и политичари, Советот

самиот ги зацементира и дури ги прошири веќе постојните сопственички обрасци –

доделувајќи им нови дозволи на истите сопственици и воведувајќи нови моќници на

медиумската сцена. Со „истурањето на дозволите“, но и со тоа што не реагираше на

состојбите во јавниот сервис и на државното рекламирање во медиумите кое ја

загрозува уредувачката независност, регулаторот самиот му нанесе штета на целиот

телевизиски сектор, раситнувајќи го, оставајќи ги медиумите и новинарството во

рацете на сопствениците, политичарите и власта. Ваквата регулаторна политика му

нанесе огромна штета на телевизискиот сектор, но посредно и на радискиот и на

секторот на печатените медиуми, доведувајќи ги со тоа и медиумите и новинарството

во очајна состојба на борба за преживување, апатија и неверување во никакви

професионални и етички вредности.

IV. ЗАКЛУЧОЦИ

Уставната и законската рамка на Република Македонија на припадниците на

немнозинските етнички заедници им го гарантира правото на слобода на изразување и

на основање автономни и независни медиуми. Законската регулатива посебно го

обврзува јавниот радиодифезен сервис да емтува разновидни програми наменети за

сите делови на општеството и да ги задоволува информативните, едукативните,

културните и другите потреби на припадниците на различните културни групи и

заедници. Во рамки на Вториот програмски сервис на Македонската радиотелевизијасе

емитуваат програми на сите немнозински заедници кои се наведени во

Уставот на Република Македонија. Законската рамка овозможува и слободно основање

комерцијални и непрофитни медиуми кои можат да емитуваатпрограма на јазиците на

немнозинските заедници и чија цел е, покрај информирањето на јазикот на конкретната

заедница, да ја развиваатнејзината култура. Иако комерцијалните и непрофитните

медиуми имаат помалку законски обврски од јaвниотрадиодифузен сервис во поглед на

негувањето на културниот идентитет и посебности на заедниците, сепак и тие

остваруваат дејност од јавен карактер и затоа имаат обврска да емитуваат програма

сензитивна кон етничките и културните различности. Главната перцепција на

експертите и практичарите кои беа интервјуирани во ова истражување е дека ниту

јавниот сервис ниту пак голем дел од комерцијалните медиуми не ги остваруваат

целосно своите законски и професионални обврски.

Причините за ова се бројни и сложени и лежат во пошироките аномалии на

целокупното медиумско опкружување: целото општество се уште е длабоко поделено

по политичка и етничка линија и се соочува со тенденции на дезинтеграција што се

рефлектираат и во медиумската сфера; наспроти законската рамка која тоа треба да го

спречи, моќта на власта и политиката го оневозможува независното новинарство;

бизнис интересите кои се длабоко вкоренети во медиумите го ставаат корпоративниот

пред јавниот интерес; социо-економската положба на новинарите е исклучително лоша

и зависи од волјата на сопствениците, директорите и политичарите; новинарската

заедница не е конституирана како автономна сфера, професионалните вредности се

целосно еродирани и широко е распространето чувствотона апатија и автоцензура;

236 Интервју со Мирче Адамчевски, новинар и поранешен претседател на Советот за радиодифузија, реализирано на

14 ноември 2012 година.

319

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!