21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

одлучува на јавни седници, да ги објавува сите релевантни документи (конкурсите,

бројот на пријавените кандидати, одлуките, записниците, предложените дневни редови

на седниците и др.), преку медиумите и на веб-страната на Советот за радиодифузија,

како и да ја известува јавноста за својата работа на секои три месеца (член 33).

Важна мерка за влијанието на етничките заедници е и учеството на нивните

претставници во програмските и менаџерските тела на јавниот сервис, кој има посебни

обврски во поглед на емитувањето програми на различните јазици и негувањето на

културниот идентитет. Во Законот се утврдува дека „при утврдувањето на предлогот на

кандидати за членови на Советот на МРТ Собранието на Република Македонија води

сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните на сите заедници кои живеат

во Република Македонија“ 178 . Исто така, во раководењето со јавниот сервис,

досегашната пракса беше еден од извршните директори секогаш да се избира од

припадниците на најголемата етничка заедница во Македонија.

Во многу земји постојат и други стимулативни мерки за развивање на

плурализмот, како што се флексибилни и поволни режими на финансирање, фондови за

финансиска поддршка, поволни фискални режими и сл. Во Македонија до 2005 година

постоеше посебен фонд за стимулирање на „програми од јавен интерес“ продуцирани

надвор од јавниот радиодифузен сервис - од комерцијалниот сектор и од независни

продуценти. Овој фонд се користеше за продукција на програми на јазиците на сите

немнозински заедници и придонесе за создавање богато аудиовизуелно културно

наследство. Со Законот за радиодифузната дејност од 2005 година оваа мерка беше

укината. Наместо тоа, јавниот сервис доби обврска годишно да издвојува најмалку 10

отсто од средствата наменети за нова телевизиска програма за нарачка на програма од

независни продуценти (член 125). Меѓутоа, во првите години по влегувањето во сила

на Законот, јавниот сервис не ја реализираше оваа обврска поради долгогодишната

финансиска криза што се должеше на нефункционирањето на системот на собирање на

радиодифузната такса.

Еден вид стимулативна мерка е и висината на надоместокот за дозволи за

непрофитните радиодифузери, која е помала од онаа за комерцијалните станици.

Меѓутоа, во праксата се покажа дека ова е недоволно за успешно работење на

неколкуте непрофитни радио станици кои добија дозволи во периодот по 2006

година 179 . Главната причина за нивниот неуспех беше фактот што овие радија не можеа

да пронајдат стабилни извори на финансирање на подолг временски рок.

III. АНАЛИЗА НА ПРАКТИКАТА НА МЕДИУМИТЕ НА ЕТНИЧКИТЕ

ЗАЕДНИЦИ

II.1 Македонска телевизија - Втор програмски сервис

Вториот сервис на Македонската телевизија е целосно посветен на емитување

програми на јазиците на етничките заедници: албански, турски, ромски, влашки, српски

и бошњачки јазик. Најзастапена е програмата на албански јазик, по неа следи онаа на

турски, додека другите етнички заедници имаат по еден и пол до два и пол часа

програма неделно. Времето што им е доделено за емитување на помалите заедници е

реална пречка да се обликува целосна програмска шема, односно само програмите на

178 Член 127 од Законот за радиодифузната дејност.

179 Меѓу овие радиостаници беше и локално радио од Штип кое емитуваше програма на турски јазик за потребите на

локалната етничка заедница.

266

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!