21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

тогаш кога тие теми се отвораат, повторно се набљудуваат од агол на иницијативите и

активностите што органите на власта ги покренале за да ги решат.

Сознанијата од интервјуата ја надополнуваат сликата добиена со анализата. На

прашањето на кој начин се отвораат темите што ги засегаат Ромите, одговорот е дека

редакцијата се обидува да го прави тоа на аналитички начин, што не мора да значи

секогаш и директна критика на власта: „Има анкети од граѓани, од министерства

одговорни за тој проблем кои ни кажуваат како би се решил зошто дошло до таков

проблем. Тоа го правиме аналитички, истражуваме внатре... се трудиме да бидеме

објективни, а не да напаѓаме... ако почнеме критички, го насочуваме прилогот во друга

насока... (сакаме) да направиме баланс меѓу министерството, анкетираниот и

невладината организација - да го решат заеднички тој проблем.“ 204

За чувствителните меѓуетнички теми, како што беа на пример, тензиите меѓу

македонската и албанската заедница, што се случија во првата половина на годината,

редакцијата не информира самата туку ги презема вестите од редакцијата на

македонски јазик. Ретко се излегува заеднички на терен бидејќи „... редакцијата на

ромски информира за Ромите, фокусот е на Ромите, како што и во српската редакција,

албанската, влашката... информираш за твојот народ, прилозите кои не ги опфаќа

дневната редакција или останатите, ти ги надополнуваш.“ 205 Редакцијата настојува да

не известува за деликатни теми, како што беше на пример националистичкото

скандирање на трибините за време на Европското првенство во ракомет во Белград.

Причината за тоа е „...што информирањето на таков начин го става гледачот во

омраза... за да не се поттикнува омраза. “ 206

Програма на влашки јазик

Програмата на влашки јазик се емитува во еден колажен програмски блок со

наслов „Искра“ (Scanpeo). Како и другите помали редакции, емисијата трае половина

час, а се емитува во периодот од 14:30 до 15:00 часот, во понеделник, среда и петок. За

време на викендот им е доделен уште еден дополнителен час програма. Емисијата нема

редовно планирана структура, се емитува музика, прилози посветени на празници или

други важни настани за Власите или пак разговори со гости во студио. Редакцијата има

вкупно тројца вработени, што укажува на мал потенцијал за задоволување на

информативна функција.

Во периодот од февруари до септември беа анализирани вкупно 9 емисии, но

само во седум се емитувани многу мал број информативни прилози – вкупно 22, сите за

настани од Македонија. Другите емитувани содржини во овие емисии се, на пример:

снимка од одбележувањето на денот на Власите, снимка од собир на Власите во

Крушево, емисија со гости во студио по повод патувањето на влашката фудбалска

репрезентација во Романија, уште две емисии со гости во студио на тема активности на

влашката фолклорна група Грамостањ и др.

Со оглед на фактот што не станува збор за дневно-информативна програма,

анализата не може да се фокусира на сите аспекти на квантитативна анализа, како за

редакциите кои емитуваат вести. Сепак, за да се добие слика за содржината што е

204 Интервју со новинарка во програмата на ромски јазик реализирано на 20 јуни 2012 година.

205 Ibidem.

206 Ibidem.

283

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!