21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Анализа 45 9.87

Вест/проширена вест 153 33.55

Друго 17 3.73

Извештај 188 41.23

Изјава 11 2.41

Интервју 4 0.88

Коментар 13 2.85

Репортажа 6 1.32

Сондажа/анкета 10 2.19

Соопштение 9 1.97

Вкупно 456 100.00

Во селектираниот период кај весникот Коха може да се забележи жанровска

разноликост, иако и кај овој медиум доминираат кратките и неаналитички жанрови –

веста и извештајот. Анализата покажа дека 41% од текстовите за домашните настани се

извештаи и 33,5% се вести. Ова значи дека 75% од текстовите (вкупно 341) отпаѓаат на

кратки и неаналитички жанрови. Кај весниците реактивното новинарство е само една

страна од проблемот. Имајќи предвид дека најголемиот дел од содржините ги

објавуваат откако сите други типови (ТВ, радио и онлајн) на медиуми веќе ги објавиле

претходниот ден, задржувањето на праксата да се негуваат овие два типа на жанрови е

погубна од конкурентска гледна точка. Весникот денес мора да нуди многу повеќе

аналитичка и репортажна содржина ако сака да остане конкурентен со другите типови

медиуми. Кај Коха тоа останува како проблем. Сепак, иако се во помал број, важно е да

се забележи дека 10% од содржината отпаѓа на анализи, 3% коментари, 1,3% на

репортажи и 1% на интервјуа. Тоа значи дека весникот сепак во 15% од текстовите

произвел содржина која е аналитичка и каде општествените проблеми може да ги

третира на подлабоко ниво.

Потпишувањето на авторот на новинарскиот производ е битно во професијата,

поради тоа што името и презимето на авторот можат да го зајакнат кредибилитетот на

она што е кажано. Кај весниците пракса е сите текстови или да се потпишуваат со

целото име и презиме на авторот или пак со негови иницијали. Секако, постојат светски

реномирани изданија кои не ги потпишуваат своите новинари и аналитичари, но во

медиумски контекст каков што е македонскиот, во кој често се шират дезинформации,

праксата на потпишување би ги смалила можностите за манипулација со

информациите.

Авторство Број на прилози %

Непотпишано 131 28.73

Новинар 225 49.34

Новинска агенција 35 7.68

Останато 35 7.68

Преземено од други медиуми 27 5.92

Соопштение 3 0.66

Вкупно 456 100.00

Кај весникот Коха анализата покажа дека 131 текст (28,73% од вкупната

продукција на текстови) бил објавен без да биде потпишан новинарот, во 49,34% од

случаите авторот е потпишан, а во 12,6% се работи за содржини преземени од новински

агенции или од други медиуми. Потпишувањето на текстовите во печатените медиуми

не може да се смета за професионален стандард - но секој медиум треба да си го

воспостави стандардот и да биде конзистентен со него. Ако е востановена пракса да се

302

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!