21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Во рамките на вториот програмски сервис кога станува збор за човечките ресурси

во нешто подобра состојба е турската редакција во која се вработени 10 новинари.

Сепак таа има на располагање 2 часа и 30 минути дневно програма за која 10 вработени

не се доволни. Редакцијата на албански јазик има 75 вработени и се соочува со помали

проблеми. Сите интервјуирани соговорници се согласуваат дека редакциите на

најмалите заедници на МРТВ поради недоволно бројниот кадар не можат соодветно да

ги задоволуваат програмските потреби (информативни, едукативни, културни) на

својата заедница. Исто така, поради организациската подреденост, програмската шема

во која тие се поставени не одговара на нивните потреби. Главен проблем е што немаат

програма секој ден, туку три дена во неделата по половина час. Не можат соодветно да

ја развијат информативната програма поради тоа што треба да објавуваат вести кои се

веќе стари. Ако некој настан важен за нивната заедница се случил во вторник, а

програмата им е во среда, тогаш информативната функција нема смисла. Покрај тоа,

термините во кои се емитуваат овие програми немаат телевизиска релевантност поради

тоа што се емитуваат во време кое е далеку од ударниот термин за телевизија. Тие, исто

така, имаат проблем да ги одржат професионалните стандарди што веќе е мошне

видливо на програмата.

Во организациска смисла меѓу редакциите во МТВ 2 отсуствува меѓусебна

комуникација. Политиката на „една МТВ“ со единствена уредувачка политика во таа

насока воопшто не функционира и тоа има импликации врз остварувањето на

интеркултурната и кохезивна функција на јавниот сервис. На примарно ниво, нема

комуникација меѓу првиот и вториот програмски сервис, така што програмата на

македонски јазик е целосно одвоена од програмата на јазиците на немнозинските

заедници. На второстепено ниво нема комуникација меѓу редакциите на етничките

заедници во рамки на вториот програмски сервис. Поголем дел од интервјуираните

велат дека првиот и вториот програмски сервис многу ретко комуницираат-

„македонскиот“ и „албанскиот“ дел многу тешко ги координираат ресурсите. Еден од

интервјуираните вели и дека меѓу нив има и чувство на анимозитет. Сепак дел од

интервјуираните тврдат и дека отсуството на комуникација и состаноци меѓу

редакциите е понова ситуација: „Порано немавме таква ситуација, а денеска имаме

ситуација во која ние немаме цела телевизиска куќа. Сме правеле колегиуми на кои

информативниот дел учествуваше на една иста маса. Немаше тогаш голема разлика

меѓу МТВ1 и МТВ2, сите си беа редакции си се собираа на една маса и зборуваа и

планираа- сега нам ни остануваат трошките откако ќе се договорат поголемите. А

второ, кавгата сега е затегната помеѓу двете големи програмски шеми“ 224 .

Поради ваквата поделеност, секоја редакција изолирано прави агенда на

настаните во вестите, секоја од редакциите известува примарно, а понекогаш и

исклучиво за делот од општеството и политиката која се однесува само на таа етничка

заедница, а таквата поставеност репродуцира честопати спротивставени верзии на

настаните кои се гледаат исклучиво низ етничка призма. Како што тоа го формулираат

некои од интервјуираните „...секој известува за својот народ 225 “ или „...секој е затворен

само во сопствениот атар 226 “. Дел од интервјуираните експерти аргументираат дека во

секое мултикултурно општество е вообичаено да има специфики кај различните

етнички редакции во смисла на ставање тежиште на определени теми во известувањето

поради тоа што публиката има различен интерес за настаните. Сепак, изолирањето на

редакциите во сопствените и неотворањето кон другите етнички групи што е

карактеристика за МТВ го гледаат како голем проблем: „Од фактор кој треба да

224 Интервју со новинар во една од редакциите на МТВ 2.

225 Интервју со новинар во една од редакциите на МТВ 2.

226 Интервју со новинар во една од редакциите на МТВ 2.

312

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!