21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Овој податок сугерира дека и во Алсат М во селектираниот период има тренд на

еднострано известување. Да се консултираат повеќе извори во текстовите не е доволно

само по себе – изворите треба да бидат избирани така што ќе претставуваат цел спектар

ставови за определена тема.

Позиција на изворите Број на прилози %

Единствени (застапуваат речиси исти

ставови) 113 74.83

Спротивставени (застапуваат различни

гледишта) 38 25.17

Вкупно 152 100

Интересени трендови може да се воочат кај анализата на изворите според

нивниот тип. Имено, кај Алсат М има широка разноликост во оваа категорија. Од

вкупно 152 регистирани прилози кои се однесуваат на домашни настани, во 52,63% се

користат само извори од партиско-политички кругови, а во 32.89% се користат само

извори кои не се од овие кругови. Ова открива неколку интересни тенденции: прво,

процентот на извори кои не и припаѓаат на политиката е релативно висок (32,89%), што

сугерира дека цивилното општество и граѓаните добиваат нешто поголем глас во

вестите на оваа телевизија во споредба со другите медиуми (иако процентот на извори

од политиката е сепак висок); второ, има голема застапеност на деперсонализирани

извори - 71.73%, што може да влијае врз кредибилитетот на информирањето на Алсат

М, иако се знае дека новинарскиот труд не може секогаш да се базира на целосно

именувани извори.

Тип на извори Број на прилози %

Деперсонализирани извори (институции) кои се од

политиката 67 44.08

Деперсонализирани извори кои не се од политиката 42 27.63

Персонализирани извори (поединци) кои се од

политиката 13 8.55

Персонализирани извори кои не се од политиката 8 5.26

И персонализирани и деперсонализирани (без оглед

од која група се) 22 14.47

Вкупно 152 100

Кога станува збор за новинарскиот став, анализата покажа дека во 100% од

прилозите за домашни настани ставот на новинарот на Алсат М кон темата бил

неутрален. Но, и овде треба да се напомене дека при оценката за неутралноста не се

разгледуваше бројот и позицијата на изворите. Процентот од 74.83% прилози во кои

изворите имаат единствена позиција фрла поинаква светлина врз заклучокот за

„неутралната“ новинарска обработка на информациите.

Вредност на објавената содржина Број на прилози

Негативна 6

Неутрална 20

Позицитвна 20

Вкупно 46

Анализата на вредноста на објавената содржина (контекстот на

известувањето) беше направена само на 46-те објави кои се однесуваат на некоја од

295

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!