21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

аналитички моменти во програмата. Тоа покажува дека и кај вестите на турската

редакција на МТВ постои тенденција кон реактивно новинарство. Недостатокот на

време не е причина за ваквиот редакциски приод, бидејќи два и пол часа програма

дневно дозволува доволно простор за производство на попродлабочени новинарски

прилози и емисии. Имено, турската редакција се соочува со големи проблеми со

техничките капацитети, иако ова за другите (помали) редакции на МТВ е уште

поголема пречка 195 . Проблем е, на пример, превозот на новинарите до и од настаните,

пристапот до компјутер и интернет и сл. Од спроведените длабински интервјуа

произлегува и дека редакцијата нема доволно новинарски кадар, а на постојниот му

недостасува обука особено за покривање и анализа на меѓуетничките прашања:

„Потребни се обуки за мултиетнички пристап во известувањето, но треба да биде

опфатена што поголема група луѓе. Но, најважно е да се научи добро новинарство.“ 196

Се забележува и дека, кај оваа, како и кај другите редакции на јавниот сервис има

партиско-политички влијанија кои ги обесхрабруваат новинарите во продукцијата на

сериозни анализи 197 .

Авторство Број на прилози %

Новинар 43 46.24

Новинска агенција 44 47.31

Останато 2 2.15

Соопштение 4 4.30

Вкупно 93 100

Потпишувањето на авторот на новинарскиот производ е битно во професијата,

поради тоа што името и презимето на авторот можат да го зајакнат кредибилитетот на

она што е кажано. Анализата на селектираниот период за вестите на МТВ турски

покажува позитивна практика - нема непотпишани или неатрибуирани објави. 48% од

објавите се преземени од новинска агенција, а 47% се потпишани од новинар од

редакцијата. Од ова може да се сугерира дека редакцијата на турски јазик во МТВ2 има

солидна продукција на своја содржина и го почитува стандардот на означување на

текстовите. Ова сугерира и дека вестите се во голема мерка преземени од агенциите

што во случајот на МТВ е државната агенција МИА.

Од аспект на поводот за емитување на информациите, во вестите на турската

редакција во селектираниот период се воочени 45 прилози за некој актуелен настан,

што е 48.39% од вкупните објави. Потоа, 31.18% отпаѓаат на псевдо-настани, 13.98% се

изјави и 4.30% се актуелни настани. Редакцијата значаен дел од вестите посветува на

информирање за актуелни настани, сепак, не е мал ниту процентот на објавите за

псевдо-настани кои се извлечени од прес-конференции на кои политичките партии

заемно се обвинуваат или се промовираат себеси. И кај турската има мал процент

(2.15%) медиумски иницирани изјави што отвора простор за толкување дека темите до

кои таа доаѓа се поставени од некој друг – без медиумот да има иницијатива во нивното

отворање.

Повод за прилогот Број на прилози %

Актуелен настан 45 48.39

Актуелен настан како реакција 4 4.30

195

Ова беше наведено во текот на интервјуата со речиси сите претставници на редакциите на немнозинските

заедници на Вториот сервис на МТВ.

196

Интервју со новинар турската редакција на МТВ, реализирано на 22 јуни 2012 година.

197

Вакви забелешки во интервјуата изнесуваа како новинарите и уредниците така и експертите и претставниците на

немнозинските заедници.

277

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!