21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

самостојно теми од важност за јавноста се и податоците за поводот за емитување на

прилозите. Само 3% од објавите се медиумски иницирани изјави или кажано поинаку

темите се иницирани најчесто надвор од редакцијата, од некој центар на моќ

(политички во случајов), со што новинарската професија ја губи својата суштина. Фер е

да се нагласи дека оваа појава не е карактеристична само за јавниот сервис, туку ја

отсликува главната карактеристика на медиумското милје во Македонија – медиумите

станаа едноставни„носачи“ на информациите до публиката.

Културата на „пристојно однесување“ на новинарите во МРТ се рефлектира во

сите сервиси и веројатно се должи на континуираните притисоци и влијанија на власта

и на политиката во минатите дваесет години, на нивната социо-економската зависност,

а некаде и на наследената свест од еднопартискиот систем за тоа дека јавниот сервис

всушност му служи на државниот естаблишмент. Во прилог на ова се и показателите за

тенденцијата кај сите редакции да користат доминантно извори од државните органи и

од политичките партии кои партиципираат во власта, што јасно исцртува појава на

„политички клиентелизам“ кај уредниците и кај новинарите. Кај редакцијата мошне

често е известувањето со само еден извор (48,23% од прилозите за домашни настани), а

дури и во случаите каде што се консултирани два или повеќе извори, тие бранат

идентичен став со што на гледачите им се пласира само една и единствена позиција во

однос на прашањето за кое се известува.

Карактеристично за редакцијата на албански јазик на јавниот сервис е тоа што

таа практикува да ги избира изворите врз основа на јазикот кој го говорат, односно

најчести соговорници во прилозите се припадници на албанската заедница. Како

објаснување за ваквата востановена пракса уредниците во редакцијата го наведуваат

недостигот од вработени преведувачи, што не може во никој случај да се прифати како

оправдување бидејќи тоа го подрива плурализмот во вестите на јавниот сервис. На овој

начин, освен вести кои се доминантно еднострани (според изворите) и се иницирани

како тема од надвор (најчесто од политичките елити на заедницата), се претставува и

моноетничка слика за настаните што се третираат во прилозите. Сумирано, сето ова

претставува низа на прекршувања на новинарските стандарди и резултира со

неквалитетен новинарски производ кој ја информира јавноста низ призмата на

искривени огледала.

Програмата на турски јазик не се разликува многу во споредба со другите

редакции на немнозинските заедници во јавниот сервис. И кај неа е доминантно

присуството на политичките вести и информации за активностите на власта (50% од

прилозите). Истовремено, во вестите речиси воопшто не се обработуваат граѓански

теми кои го имаат интересот на луѓето во фокусот на приказните. Доколку се оди чекор

понатаму, ќе се види дека содржината на вестите е организирана повеќе на техничко

ниво и наликува на политичко-државен билтен што ја отсликува агендата на актуелната

политичка елита на сопствената етничка заедница. Или поинаку кажано, информациите

за домашните настани се концентрираат околу активностите на власта во која

коалицираат и политички партии на турската заедница, па вестите на јавниот сервис ги

пренесуваат и им даваат јавен статус на нивните активности. Притоа, редакцијата, а

пред се уредниците, не водат сметка за вистинските потреби за информирање на својата

заедница, ниту пак ја препознаваат суштината на своето функционирање во јавниот

сервис.

Како и за другите редакции, така и за турската, од анализата може да се извлече

тенденцијата на практикување на реактивно новинарство. Ова се потврдува со

податокот дека и кај турската редакција во набљудуваниот период најголем дел од

прилозите се неаналитички жанрови – вести и извештаи (91.4%). Речиси сите теми кои

се обработуваат во вестите доаѓаат надвор од редакцијата и се наметнати од некој друг.

308

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!