21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Со оглед на малиот број објави, во натамошниот текст е направена анализа само

на некои поважни аспекти на емитуваната содржина. Иако целиот програмски блок

„Бјандипе“ нема информативен карактер, информативните прилози што се емитуваат

во првите минути имаат таква функција – да дадат преглед на главните активности на

претставниците на власта 202 . Но, и во овие пет минути, сепак, информирањето треба да

ги задоволи професионалните стандарди.

Жанр на прилогот Број на прилози %

Вест/проширена вест 15 44.12

Извештај 14 41.18

Интервју 3 8.82

Репортажа 2 5.88

Вкупно 34 100

Најголем дел од прилозите (85%) се куси и неаналитички жанрови какви што се

веста и извештајот, а беа регистрирани и три интервјуа и две репортажи - 16% од

содржините. Но, кога ќе се влезе во содржински преглед на неколкуте аналитички

жанрови заклучокот е дека тие не анализираат, туку повеќе претставуваат некоја нишка

од културата и постигнувањето на ромската заедница во Македонија. Понекогаш,

содржината на овие жанрови се состои од едноставно претставување на успехот на

некој претставник на ромската заедница.

Повод за прилогот Број на прилози

Актуелен настан 30

Актуелен настан како реакција 1

Друго 1

Псеудо настан 2

Вкупно 34

Од аспект на поводот за емитување, најголем дел од објавите (30) се однесуваат

на актуелни настани, два се за псевдо-настани, еден за актуелен настан како реакција и

еден е медиумски иницирана изјава. Но, реално овие бројки се премногу мали за од нив

да се извлече вредносен заклучок. Ромската редакција во целиот период кој беше

предмет на опсервација има произведено вкупно 30 новинарски производи кои се

однесуваат на актуелен настан. Ова покажува дека нема продукција која би можела

сериозно да се впушти во актуелни општествени дебати.

Анализата на изворите покажува дека во сите 34 објави во селектираниот

период е користен само еден извор, што значи застапување на единствен став за

политичките и општествените појави. Едностраноста на објавите е проблем кај сите

редакции на вториот програмски сервис, но кај програмата на ромски е најочигледна.

Тип на извори Број на прилози

Деперсонализирани извори од политика (институции) 6

Персонализирани извори од политика (поединци) 25

Персонализирани извори кои не се од политички кругови 3

Вкупно 34

202 Новинарката од оваа редакција, во интервјуто вели: „Петте минути се вестите на државниот врв. Тие вести ги

добиваме од МИА ... Тоа се пет минути претежно вести од државен врв и протоколарни вести. Тоа што се случува,

потпишан договор, спогодба... Ние сме мрежно вклучени на системот и ги преземаме вестите кои се направени од

новинари кои директно биле на терен. Јас дека сум сама не можам да одам на терен. Кога нешто е актуелна вест во

системот и ние ја пренесуваме..“

281

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!