21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

МТВ2 има тенденција кон пристрасно и еднострано известување, иако во новинарските

текстови во принцип може да се постигне балансирано претставување на повеќе

гледишта и доколку самиот новинар го парафразира или претстави другото гледиште.

Тип на извори Број на прилози %

Деперсонализирани извори (институции) кои се од

политиката 44 31.21

Деперсонализирани извори кои не се од политиката 9 6.38

Персонализирани извори (поединци) кои се од

политиката 46 32.62

Персонализирани извори кои не се од политиката 12 8.51

И персонализирани и деперсонализирани (без оглед

од која група се) 30 21.28

Вкупно 141 100

Важен заклучок може да се извлече и од променливата „Тип на извори“ 185 - 64%

од изворите доаѓаат од политиката, што покажува дека во вестите на албански на МТВ

има тенденција на известување „одозгора-надолу“, што пак укажува на тоа дека

политичарите лесно можат да ги моделираат содржините според своите потреби. Исто

така, анализата покажува дека од вкупно 90-те објави, во најголем број (60 објави)

изворите се претставници на власта.

Дополнително, оваа променлива, сама по себе, открива дека 53% од изворите се

деперсонализирани. Цитирањето извори во ваква форма значи дека е наведена само

институцијата, а не е кажано кој поединец ја дал информацијата. Ова има импликации

врз професионалните стандарди – честата употреба на непрецизни или нејасни извори

отвора широка можност за манипулација со новинарските текстови. Истовремено, од

аспект на перцепцијата на гледачите, ова е проблематично за кредибилитетот на

медиумот во целина. Се разбира, новинарските текстови објективно не можат секогаш

да се потпираат на прецизно именувани извори. Меѓутоа, секоја редакција треба да се

стреми овој тип извори да ги сведе на минимум.

Редакцијата на албански јазик на јавниот сервис често практикува да ги избира

изворите врз основа на јазикот кој го говорат, односно најчести соговорници во

прилозите се припадници на албанската заедница. Во објаснувањето на причината за

ова, претставниците на редакцијата наведуваат дека се работи за технички проблем –

немаат вработени преведувачи: „Ние ретко земаме во Втор програмски сервис

[соговорник кој не го зборува албанскиот јазик] , поради технички причини, не поради

некој етнички инает ... аналитичар што зборува директно на македонски јазик, поради

тоа што мора симултан превод да има во моментот... Албанците во Македонија имаат

предност – знаат македонски... јас можам да гостувам на емисија на македонски јазик...

некој Македонец не може да гостува кај мене ако не зборува албански... или ако не

најдам соодветен преведувач во моментот.. или ако не го снимам порано за да го

титлувам ... што е технички изводливо, но морам порано да го правам.“ 186 Некои од

интервјуираните експерти се согласуваат дека преводот на програмите може да

придонесе во поттикнувањето на интеркултурното поврзување, а тоа е сугестија и на

интервјуираните претставници на институциите: „Ако го земете втор програмски

сервис, воопшто нема титлови - јас така не знам што се зборува во програмата на

185 Во истражувањето се правеше разлика меѓу деперсонализирани и персонализирани извори од политичарите, како

и деперсонализирани и персонализирани извори кои не се од политичарите.

186 Интервју со Мигена Горенца, уредничка на Вториот програмски сервис на МТВ, реализирано на 21 јуни 2012

година.

272

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!