21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Дополнителна светлина врз овие податоци фрла категоријата „Тип на извори“.

Кај Коха е воочлива тенденција на поголема застапеност на персонализирани извори во

споредба со телевизиите кои се предмет на оваа анализа. 38.38% се персонализирани

извори, а 42.98% се деперсонализирани. Иако уделот на персонализираните извори е

повисок од телевизиите, сепак и овде е висок процентот на деперсонализирани.

Новинарските текстови не можат секогаш да се потпираат на целосно именувани

извори, сепак новинарот треба да тежнее што е можно повеќе да го смали бројот на

деперсонализираните.

Тип на извори Број на извори %

Деперсонализирани извори (институции) кои се од

политиката 122 26.75

Деперсонализирани извори кои не се од

политиката 74 16.23

Персонализирани извори (поединци) кои се од

политиката 102 22.37

Персонализирани извори кои не се од политиката 73 16.01

Поединци и институции 72 15.79

Без извори (коментари) 13 2.85

Вкупно 456 100.00

Од аспект на природата на изворите - во половината од текстовите за домашни

настани консултираните извори (и персонализирани и деперсонализирани) доаѓаат од

партиско-политички кругови (49.12%), а релативно гледано има висок процент

(32.24%) текстови во кои споменатите извори не припаѓаат на партиско-политичката

сфера. Ова, води кон заклучокот дека медиумот им дал значаен простор на гласовите на

граѓанското општество. Сепак, ова не значи дека во говорот од оздола има лимерално

граѓански елементи. Напротив, квалитативната анализа покажува дека во голем дел

темите и ставовите кои ги бранат изворите „од оздола“ во Коха, не се либерално

граѓански туку се етно-партикуларни.

Околу новинарскиот став на содржините - не се оценува содржината на текстот

туку само односот на новинарот кон објектот на набљудување или на настанот за кој се

информира. Ставот на новинарот се отчитува во повеќе показатели - од изборот на

лексика па се’ до начинот на кој е презентирана информацијата. Ставот беше оценуван

само во текстовите кои директно се однесуваа на некоја од етничките заедници, кои кај

Коха се % од вкупниот број текстови за домашни теми.

Вредност на новинарскиот став Број на прилози %

Негативна 18 11.92

Нејасен 1 0.66

Неутрална 96 63.58

Позитивна 36 23.84

Вкупно 151 100.00

Анализата покажа дека во 64% од објавените содржини на Коха ставот на

новинарот кон темата бил неутрален - тоа значи дека самиот новинар во овие објави не

демонстрирал ниту апологетски ниту претерано критичен став кон темата. Во 24%

ставот на новинарот е позитивен, а во 12% е негативен. Фактот што во помалку од една

третина од објавите ставот на новинарот отклонува и демонстрира вредносен суд,

сугерира постоење на непрофесионални аспекти во известувањето. Сепак, фактот што

повеќе од две третини од објавите се неутрални, сугерира професионално однесување.

304

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!