21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

овозможува кохезивност во општеството, МТВ станува медиум којшто дели и создава

раздор 227 “. Оваа затвореност на редакциите една од друга се рефлектира и во поглед на

изворите кои се консултираат. Повеќето од интервјуираните новинари велат дека

приоритет им е да консултираат извори кои го познаваат јазикот на кој емитува

редакцијата и не ја земаат предвид етничката разновидност при изборот на изворите,

што евидентно се покажува во анализата на нивната програма. Ваквото новинарство со

примарен фокус во известувањето на интересите на сопствената заедница, не може да

има интегративна улога во општеството и да ги зближува заедниците, напротив тоа ги

зајакнува постојните и создава нови стереотипни имагинарни граници кај

припадниците на етничките заедници и продуцира појава на етноцентризам кај нив,

односно на зголемување на етничката дистанца меѓу заедниците во македонското

општество.

Интервјуираните експерти велат дека ова се сериозни програмски проблеми

особено за помалите редакции оти јавниот радиодифузен сервис не може така да се

развива ако сака да го изразува културниот плурализам во општеството. На пример,

„Ромите, кои се маргинализирана група речиси насекаде низ Европа и со Декадата на

ромите не успеаја да станат општествено препознатливи... и комерцијалните медиум и

програмата на ромски јазик на јавниот сервис всушност не овозможија пошироката

јавност во Република Македонија да биде запознаена со вистинските проблеми на

ромската популација, која што е образовно, социјално, па ако сакаме и политички

маргинализирана. Ако јавниот сервис не ги отвори тие прашања, тогаш се поставува

основната дилема дали неговата мисија е поврзана само со програмите на македонски

јазик и на најголемата етничка малцинска заедница – албанската“ 228 . Објаснувајќи ги

причините за ваквата состојба во јавниот сервис, еден од интервјуираните експерти

вели дека „...се работи за политички мотивирани проблеми оти политичките партии кои

ги застапуваат конкретните заедници ја прифаќаат состојбата во која се наоѓаат и

немаат моќ да влијаат кај политичкиот фактор во власта да се сменат нештата. МРТ

функционира така за жал- извршните директори ги избираат владејачките партии, иако

законски тоа така не е прецизирано“ 229 .

Една од причините за ваквата состојба во јавниот сервис, според дел од интервјуираните

експерти, се конфузните законски одредби што се однесуваат на

организационата поставеност на јавниот сервис и надлежностите на раководните

органи. „Законската регулатива не ја дава рамката, а надлежностите и одговорностите

се изместени. Во законско решение каде имате одговорни уредници кои се одговорни

засебно за првиот и за вториот сервис и потоа одговараат на еден недефиниран начин

на извршниот директор, кој пак нема дефинирани програмски овластувања, може да

дојде до ситуација кога одговорниот уредник може да му каже на извршниот директор

дека нема интерес за одредена програма да се стави на програмата иако тоа е

препорачано од страна на Советот на МРТ“ 230 . Факт е дека во претходниот Закон за

Македонската радио-телевизија продукциско-организациските целини (Македонска

телевизија и Македонско радио) беа јасно дефинирани и обезбедуваа ефикасно

функционирање на различните програмски сервиси и редакции и кохерентност на

уредувачката политика на јавниот сервис. Тоа соодветствуваше на воспоставената

пракса во јавниот сервис која функционираше успешно повеќе години: „Јавните

227 Интервју со д-р Сефер Тахири, медиумски експерт, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово,

реализирано на 15 јули 2012 година.

228 Интервју со д-р Љубомир Јакимовски, поранешен Генерален директор на МРТ и поранешен претседател на

Советот за радиодифузија, реализирано на 14 ноември 2012 година.

229 Интервју со новинар во една од редакциите на јазиците на етничките заедници во МТВ2.

230 Интервју со Слободан Чашуле, новинар и Претседател на Советот на МРТ, реализирано на 20 ноември 2012

година.

313

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!