21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

и емитува програми од јавен интерес со кои се одразува општествениот и културниот

плурализам во државата, а кои се состојат од информативни, културни, образовни,

научни, спортски и забавни содржини“ 218 .

Предмет на анализа во ова истражување беа само вестите (на албански и на

турски јазик) и актуелно-информативните емисии на ромски, бошњачки, влашки и

српски јазик. Главната цел на анализата беше да се утврди колку и како јавниот сервис

во програмите на заедниците ја исполнува информативната функција.

Редакцијата на албански јазик произведува голем обем информативна

програма која е тематски разновидна, со доминација на домашните настани (59% од

сите информативни прилози), со значаен удел на настаните од регионот (18%) и

настаните од светот (23%). Треба да се нагласи и дека редакцијата става силен нагласок

на вестите од непосредниот регион, од кои половината се „преземени“ прилози од

други медиуми од соседните земји. Поради тоа што најголем дел од овие вести се за

актуелните случувања во Албанија, за Косово и односите со Србија (83,72% од

прилозите за регионот)овие податоци всушност сугерираат дека кај редакцијата има

тенденција кон водење т.н. „дијаспорична“ уредувачка политика - тенденција којашто е

уште поизразена кај редакциите на турски и на бошњачки јазик. Сепак, додека овие

редакции осцилираат кон Турција и БиХ како кон „матични“ држави, карактеристично

за редакцијата на албански јазик е дека таа подеднакво се фокусира и кон Косово и кон

Албанија.

Во покривањето на домашните вести воочлива е доминацијата на политиката

(внатрешна и надворешна), наспроти малиот интерес за темите што го засегаат

граѓанскиот сектор. Позитивен тренд кај редакцијата е што обработува голем обем

теми од општ интерес (67.38%), но дури и кај овие теми во центарот на приказната е

сопствената етничка заедница. Тоа го потврдува и изјавата на уредничката на оваа

програма: „нас ни се интересни исклучително настаните што се случуваат околу

албанската етничка заедница“ 219 . За сите други помали етнички заедници нема ниту

еден прилог, а за мнозинската заедница само три прилога во целиот анализиран период.

Немањето интерес за случувањата и културната посебност на другите етнички

заедници е загрижувачко од аспект на пораката која се испраќа до гледачите, што се

рефлектира и врз позиционирањето на редакцијата наспроти другите редакции во

јавниот сервис. Од друга страна, квалитативната анализа на содржината на прилозите

во кои фокусот е само на сопствената заедница од аспект на контекстот на

известувањето („вредноста на објавените содржини“),сугерира дека редакцијата игра

улога на апологет на интересите и на правата на сопствената етничка заедница како

колективен ентитет, наспроти државата во која доминираат припадниците на

мнозинската заедница. Од друга страна, кога станува збор за темите за „човековите

права“ на индивидуалните припадници на оваа заедница (сексуални малцинства,

правата на жените, на децата и др.) редакцијата воопшто не ги става на јавната агенда.

Овој став не придонесува за градење на општество кое почива на почитување на

граѓанските и индивидуални права и е негативен во однос на развојот на демократската

свест во општеството.

Жанровската структура на вестите укажува на тенденција на избегнување на

аналитичките жанрови кои би ги отворале и објаснувале општествените и политичките

проблеми. Општ тренд е „голото“ пренесување на информации за случувањата, без да

се навлезе во позадината на настаните, во причините и поврзаноста меѓу одредени

појави. Показател за т.н. реактивно новинарство кое само пренесува, а не иницира

218 Член 120 од Законот за радиодифузната дејност (Службен весник на РМ бр.100 од декември 2005 година).

219 Интервју со Мигена Горенца, уредничка на Вториот програмски сервис на МТВ, реализирано на 21 јуни 2012

година.

307

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!