21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

програмска и продукциска координираност и комуникација, како меѓу

редакциите на етничките заедници така и меѓу Првиот и Вториот

програмски сервис. Ваквата состојба има сериозни импликации врз

остварувањето на мултикултурната функција и кохезивната функција која

треба да ја врши јавниот сервис.

(16) Сознанијата добиени од длабинските интервјуа укажуваат на постоење

врски помеѓу претставници на политичките партии од власта и

уредништвото и редакциите од Јавниот сервис. Ова креира систем на т.н.

политичко - медиумски клиентелизам кој во крајна линија резултира со

појава на цензура и автоцензура. Цензурата не е директна, туку се работи

за суптилен притисок кој новинарите го усвојуваат, па точно знаат што

можат да објавуваат, а што не. Посебен тип на појава во јавниот сервис е

етничко-политичкиот клиентелизам кој подразбира релации на редакциите

со политичките артии од „сопствената“ етничка заедница од власта.

Сериозно загрижува тоа што во одредени редакции има новинари кои се

членови на политички партии, а уште позагрижувачки е фактот што дел од

уредниците тоа не го препознаваат како етички проблем. Политичкиот

клиентелизам може да се забележи и во комерцијалните медиуми и тој

пред се е врзан со државното рекламирање или со бизнис интересите на

сопствениците.

(17) Кај сите анализирани медиуми се забележува известување кое им дава

најмногу простор на информациите што доаѓаат „од горе“ – од

политичарите, власта, институциите или центрите на моќ, а кое го

занемарува гласот на граѓанинот што извира „од долу“, односно

иницијативите, информациите и проблемите на граѓанското општество.

Ваквата појава, која е всушност карактеристика на целото новинарство во

Македонија, им дава стратегиска предност на политичките структури да ја

моделираат медиумската агенда според своите интереси. Кај јавниот

сервис политичките извори се во најголем број случаи всушност

припадници на владејачките политички партии, додека кај некои од

комерцијалните медиуми има нешто поголемо присуство на гласови од

граѓанското општество, но тоа е далеку од доволно. Кај дел од медиумите

на јазиците на етничките заедници, има поголемо присуство на граѓански

извори, но тие доминантно се контекстуализирани во етнички, а не во

граѓански контекст.

(18) Доминантната појава на известување „од горе – кон долу“ е поврзана со

уште една карактеристика на македонското новинарство, т.н. „реактивно

новинарство“кое е видливо и кај јавниот сервис и кај комерцијалните

медиуми. Речиси да не постои истражувачко и аналитичко новинарство,

информирањето се ограничува на голо пренесување на информациите за

настани кои најчесто ги организирале политичарите или власта, ретко кога

медиумите се подготвени да ги отворат и анализираат другите аспекти на

настанот или да ги вклучат и мислењата на граѓаните. Се чини дека

редакциите и нивните уредници, како и новинарската заедница во целина,

треба да се насочат кон пронаоѓање на вистинските одговори за тоа зошто

нема иницијатива за сериозно и аналитичко новинарство и зошто

отсуствува проактивна уредувачка политика која е во потрага по фактите,

во служба на граѓаните на Македонија и го штити јавниот интерес.

321

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!