21.08.2013 Views

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

MANJINE I MEDIJI NA ZAPADNOM BALKANU - RRPP

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

програмските содржини. Најголем дел од овие специфики важат и за актуелниот

општествен контекст во кој функционираат бројните медиуми на јазиците на етничките

заедници кои живеат во Република Македонија.

Ваквото економско опкружување и недоволно осмислената регулаторна

политика во последнава деценија, доведоа до исклучително лоша состојба на

медиумите и новинарството во Македонија. Состојбата на медиумите на јазиците на

етничките заедници не може да се набљудува надвор од овој поширок контекст. Со

текот на годините се покажа дека комерцијалните медиуми на етничките заедници беа

најпогодени од негативното влијание на пазарот, бидејќи не можеа да привлечат

доволно средства за огласување за да ги исплатат високите трошоци за работењето. До

2005 година, голем дел од комерцијалните радиодифузери на етничките заедници

успеваа да функционираат благодарение на финансиската поддршка што ја добиваа за

продукција на програми од јавен интерес. По укинувањето на ваквата финансиска

стимулација, мошне брзо се покажа дека медиумите наменети за мали публики тешко

можат да опстанат на пазарот.

Плурализмот во квантитативна смисла никогаш не бил проблем во медиумската

слика во Македонија. Во целина, бројот медиумите на јазиците на етничките заедници е

навистина голем 217 , но информативните содржини што најголем дел од овие медиуми

ги објавуваат ретко ги задоволуваат основните професионалните стандарди и

принципите на инклузивното новинарство кое во редакциите се чини е непознат поим.

Медиумите се мошне политизирани и поделени по етничка линија. Наместо да им

служат на граѓаните и на јавноста, доминантно им служат на интересите и на целите на

партиско-политичките елити од сопствената заедница. Јавниот радиодифузен сервис е

со години под силно влијание на партиите кои се на власт, а неговата програмска и

уредувачка некохерентност ја рефлектира етничко-политичката поларизираност на

целото општество. За комерцијалните медиуми на јазиците на етничките заедници,

особено оние на регионално и локално ниво, речиси воопшто не може да се говори како

за бизнис потфати, бидејќи за нив пазарот на огласување е уште поограничен.

Непрофитното радио, иако беше воведено со Законот за радиодифузна дејност од 2005

година, воопшто не се разви како нов медиумски сектор. Затоа, пак, онлајн

информативните портали се чини на младата популација и понудија нови алтернативни

извори на информации, но само за припадниците на побројните етнички заедници.

2) Јавен сервис – Македонска телевизија

Вкупниот квалитет на информативната програмата што се емитува на јазиците на

етничките заедници на јавниот сервис (особено на редакциите на помалите заедници) е

значително опаднат поради долгогодишната финансиска и продукциска криза во која се

наоѓаше Македонската радио-телевизија. Програмите на јазиците на етничките

заедници денес на Македонската телевизија се емитуваат на Вториот програмски

сервис. Најголем обем програма има редакцијата на албански јазик (околу 14 часа

дневно), а потоа редакцијата на турски јазик (2,5 часа програма). Тие се поголеми

редакции испоред бројот на вработени, што реално им овозможува редовно да

емитуваат вести и други информативни, едукативни и забавни програмски целини.

Времето што им е доделено на помалите заедници и бројот на вработените во нив е

реална пречка тие да ја исполнуваат законската обврска на јавниот сервис „...да создава

217 Покрај јавниот сервис, во комерцијалниот радиодифузен сектор има 19 телевизии и 16 радија, во секторот на

печатени медиуми се објавуваат 4 дневни весници на албански јазик, еден неделник на албански и два на турски

јазик, два онлајн портали и една приватна новинска агенција на албански јазик, покрај државната агенција МИА, која

покрај на македонски нуди сервис и на албански јазик.

306

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!